Антиинтелектуален шљам без срам

Иронично е што и со новата власт го гледаме истиот „академски шљам“ како без срам продолжува да ја крои политиката во државава, претворајќи ја во инкубатор на антиинтелектуализмот. Особено ова е видливо на Универзитетите кои, наместо да бидат бастиони на слободната  мисла и истражување, ги претворија во нов  расадник на антиинтелктуализмот. Лицемерието на ваквите политички креирани антиинтелектуални ликови е од епски размери. Но, зарем може да се очекува нешто друго од антиинтелектуална елита црпната од „Калиниќ пијаца“, промовирана од Заев, хранета со незнаење и култивирана низ полтронство.  Затоа, оваа власт мора под итно да го прочисти општеството од интелектуално фригидните, кои станаа срам за интелектуалниот живот во Македонија.

Во последниве години, во Македонија се појави загрижувачки тренд: сè понезаинтересирано антиинтелектуално и антиобразовно расположение кое почнува да го обликува јавниот дискурс и да влијае врз политичките одлуки. Ова поместување не е само филозофско несогласување, туку движење со длабоки последици за иднината на нацијата. „Заглупувањето“ на македонското општество – обележано со отфрлање на експертизата, обезвреднување на образованието и недоверба во знаењето – претставува директен предизвик за социјалната, политичката и економската стабилност на земјата.

Затоа, до кога власта мисли да ги трпи интелектуалните „ивалиди“ распослани низ системот од претходната власт? Ги има секаде, во секој сегмент на општеството. Но, најстрашно е кога задскриени зад политичко стекнатите академски титули раководат со телата задолжени за промоција на знаењето и образованието. Штетата што ја нанесуваат на државата и образованието е вистинската приказна, и е во суштина домино, каде на крајот на линијата е самата демократија. Нивниот антиинтелектуализам е како вирус, „криптонит на демократијата“ (Чајлдс, 2020) и е сериозна закана за промените што новата  влада ги најавува. Антиинтелектуализмот кој го промовираа со претходнатаа власт значеше спротивставување, или непријателство кон вистинските интелектуалци и отфрлање на вредноста на интелектот и расудувањето во корист на практичните дејствија и емоции. Тоа се ликови кои застанаа и ја поддржаа идејата дека необразован човек со три грама мозок може дури и да биде премиер на оваа земја, ширејќи го наративот дека лидерот е обичен човек, кој не мора да биде образуван, наратив кој го одржуваа  жив седум години во мејнстрим политиката.

За жал, антинтелектуализмот кој го промовираа „академците“ на Заев останува и понатаму онаа постојана нишка што се провлекува низ нашиот политички и културен живот, негувана од лажната идеја дека демократијата значи дека „моето незнаење е исто толку добро колку и вашето знаење“. Оваа болест на антиразум, антинаука, антиелита, антиекспертиза, антиисториско знаење и професионализам се прошири како чума со претходната власт. Ваквиот антииинтелектуализам стана плодна почва за луѓето кои беа гладни да добијат моќ, за да го однесат општеството на места кои се непознати и за кои денес жалиме како народ и држава. Страшно е кога политичарите ги прикажуваат интелектуалците како елита отсутна од реалноста, или се потценувачки кон истата, тврдејќи дека интелектуалците/експертите ги комплицираат проблемите и дека луѓето треба да се потпираат на здрав разум, а не на научни докази. Но, уште пострашно е кога луѓе со академски титули успеаја да го промовираат незнаењето како доблест во образованието и политиката, ограничувајќи го неговото изложување на различни перспективи.

Да бидам реален. Во Македонија отсекогаш постои култ на незнаење, а политиката успеа низ годините да неметне антиелитистичка форма на антиинтелектуализам. Оваа форма на антиинтелектуализам се однесува на недоверба и одбивање да се прифатат поединци кои тврдат дека имаат супериорно знаење или мудрост за одредена тема. Кај нас, со Заев на власт, видовме колку лесно антиинтелектуалните ставови можат да се прелеат и да ги обликуваат политичките ставови и однесувања на граѓаните за прашања од јавната политика. Поточно, видовме како антиинтелектуалната реторика послужи како политичка алатка со која се сврте јавното мислење во корист на погубни политики за државата и идентитетот на македонскиот народ.

Иронично е што и со новата власт го гледаме истиот „академски шљам“ како без срам продолжува да ја крои политиката во државава, претворајќи ја во инкубатор на антиинтелектуализмот. Особено ова е видливо на Универзитетите кои, наместо да бидат бастиони на слободната  мисла и истражување, ги претворија во нов  расадник на антиинтелктуализмот. Лицемерието на ваквите политички креирани антиинтелектуални ликови е од епски размери. Но, зарем може да се очекува нешто друго од антиинтелектуална елита црпната од „Калиниќ пијаца“, промовирана од Заев, хранета со незнаење и култивирана низ полтронство.  Затоа, оваа власт мора под итно да го прочисти општеството од интелектуално фригидните, кои станаа срам за интелектуалниот живот во Македонија. Ова е од суштинско значење за власта, зашто нивното влијание врз демократијата е особено алармантно. Се додека ваквиот антиинтелктуаелн шљам седи и решава за прашања од национален интерес, промените тешко ќе  дојдат, а скептицизмот кон институциите без разлика дали се образовни или владини – ќе расте. Само видете каде се нашите Универзитети во светотот денес, за работитет  да станат појасни. И, да не заборавам – дајте ве молам намелете со својот „интелектуализам“ вие кои застанавте зад антиинтелтуализмот на Заев. Срамота е луѓе, срамота.

Автор: професор Звонимир Јанкуловски за НетПрес