
Иран ќе продолжи со операциите против Израел сè додека не биде целосно уништен, соопшти Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), елитните безбедносни сили на Техеран.
„Поддржувачите на криминалниот израелски режим треба да знаат дека иранските ефикасни и смртоносни операции против виталните цели на режимот ќе продолжат сè додека не биде целосно уништен“, соопштија од ИРГЦ.
Ноќта на 13 јуни, Израел ја започна операцијата „Rising Lion“ насочена против нуклеарната програма на Иран. Иран возврати за помалку од 24 часа. Израел и Иран повторно разменија напади на 14 јуни и во раните утрински часови на 15 јуни. Двете страни пријавија жртви и штети и признаа дека голем број објекти биле погодени, но рекоа дека штетата е мала.