Она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее

Честитки за седумгодишнината од нашиот Преспански договор“, напишал Заев во честитката до Ципрас

„Во ова време на војни и хаос во светот, исклучително сум среќен што успеавме да го постигнеме Договорот во Преспа, да изградиме долготрајно пријателство помеѓу нашите соседски земји – Северна Македонија и Грција“, му пишал поранешниот премиер Зоран Заев на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Тој му порача на Ципрас дека треба да се остави позитивен пример на Балканот, Европа и во светот дека сепак може да се постигне договор преку дипломатски канали дури и за најтешките прашања помеѓу земјите.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, попладнево му одговорија на Заев со само една реченица:

„Она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“.