
Во рамки на посетата на Битола, Мицкоски ќе се обрати на одбележувањето на 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, на настан насловен „Идеја што не запира, вредности што носат промени“. На прашањето каква порака ќе упати вечерва од Хераклеа, тој потенцираше дека за партијата ова е голем настан.
„За нас ова е навистина посебен настан, сепак 35 години од постоењето на современото ВМРО, односно ВМРО-ДПМНЕ е голем настан. Со тоа што сме во Битола испраќаме силна порака и за Битола и за битолчани и за целиот Пелагонски регион. ВМРО-ДПМНЕ е најдржавната и најголемата политичка партија во Македонија, мора така да се однесуваме. И во периодот кој следи очекувам ВМРО-ДПМНЕ тоа да го повтори со уште една би рекол историски голема победа на локалните избори на целата територија во државата, вклучително и тука во Битлоа. Така што тоа би била пораката,“ истакна Мицкоски.