ВИДЕО| Десетици демонстранти приведени во Белград, шест полицајци повредени

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави доцна ноќта кон неделата дека десетици хулигани биле вклучени во инцидентите во центарот на Белград во саботата ноќта, и дека шест полицајци и двајца граѓани биле повредени во немирите.

Полицијата интервенираше против демонстрантите и граѓаните во центарот на Белград во саботата вечерта, откако демонстрантите предводени од таканарачените „студенти во блокада“ односно невладините организации и опозицијата прогласија крај на нивниот претходно мирен антивладин протест.

По два часа интервенции и потиснувања на демонстрантите од центарот на градот, ситуацијата во српската престолнина постепено се смири, но некои улици останаа затворени за сообраќај.

Според полициските проценки, на овој протестен собир на кој истече „ултиматумот“ да се расформира владата која нема ниту сто дена и да се распишат избори, присуствуваа околу 36.000 луѓе, многу помалку отколку на претходните два големи протестни собири организирани од истите групации.

Претходно во саботата српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека се очекуваат безредија по завршувањето на протестниот собир во Белград, но порача дека државата ќе го сочува редот и мирот.

Полицискиот челник Васиљевиќ нагласи дека полицијата дејствувала исклучително професионално и употребила минимална сила во напорите да спречи поголема група учесници да дојдат до кампот во кој студентите кои се противат на блокадите на факултетите и кои синоќа оддржува книжевна вечер по повод српскиот верски и државен празник Видовдан.

„Сите единици дејствуваа исклучително професионално и беш употребена минимална сила за да се спречат оние што ја напаѓаат полицијата и државата да го сторат тоа“, рече Васиљевиќ на вонредна прес-конференција.

Додаде дека неколку десетици хулигани се приведени и ќе бидат гонети. „Шест полицајци беа повредени, а имаме и двајца повредени граѓани“, рече тој.

Ги осуди нападите врз полицијата и истакна дека граѓаните однапред биле предупредени дека насилството и судирите нема да се толерираат.

„Групи од неколку стотици луѓе се упатија кон полицискиот кордон. Полицијата го засили кордонот за да ги извести граѓаните дека нема да поминат. Предупредувањата не дадоа резултат. По нападот, кој траеше пет до шест минути, полицијата реагираше, интервенираше и ги потисна граѓаните. Некои медиуми објавија дека полицијата користела хемиски средства – тоа не е вистина“, рече Васиљевиќ.

Истакна дека полицијата морала да интервенира на неколку локации: „Граѓаните не ги почитувале наредбите. Беше употребена минимална сила за да се спречат оние што ја напаѓаат полицијата и државата да го сторат тоа“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави прес-конференција за недела во 11 часот, а вечерта на социјалните мрежи изјави дека „на крајот, Србија секогаш победува“.

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, во телевизиска изјави рече дека сè што се случува на улиците на Белград нема никаква врска со студентите.

„Ова вечерва не се студенти, туку терористи и блокадери“, рече таа, додавајќи дека тие „сакаат претседателот Вучиќ да биде отстранет, а Косово да биде независно“.