По белградскиот протест во саботата, акции на блокади низ Србија

Во Белград, Нови Сад, Ниш и неколку други градови низ Србија, доцна вечерта во неделата започнаа блокади на патишта на неколку локации поради апсења на студенти во неделата во текот на денот, по антивладинот протест „Се гледаме на Видовден“ од демонстрантите кои не беа сепак во толкава масовност како што очекуваа и кој зарши со спорадични судири со полицијата повикаа на граѓанска непослушност.

Полицијата интервенираше во саботата ноќта по официјалното завршување на масовниот студентски протест во центарот на Белград, кога групи од демонстрантите се обидоа да се пресметаат со студентите кои ја поддржуваат актуелната српска власт.

Во саботата неколку минути пред 22 часот, студентите го објавија крајот на нивниот претходно мирен протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе – според проценките на полицијата 36.000 лица, а повикаа дека демонстрантите „имаат зелено светло“.

Полицијата во неделата објави дека 48 полицајци биле повредени во Белград во саботата ноќта, 22 лица побарале медицинска помош, а 77 биле приведени, меѓу кои и еден малолетник.

Вишото јавно обвинителство во Белград во неделата вечерва објави дека вкупно осум демонстранти се осомничени според Кривичниот законик за подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, а во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок, биле уапсени во текот на денот.

По денешните апсења, студентите ги повикаа граѓаните на протест, а меѓу првите што го направија тоа беше блокадата на патот пред Палатата на правдата во Белград, а потоа и на автопатите кон Ниш и Загреб.

Помошникот директор на полицијата во српското Министерство за внатрешни работи, Дејан Луковиќ, доцна ноќта во неделата изјави дека полицијата е „крајно толерантна“, но дека ќе „реагира соодветно“ на блокадите на одредени патишта особено од меѓународно значење и ќе обезбеди „стабилен јавен ред и мир и безбедноста на граѓаните“.

Според извештаите од порталите и електронските медиуми, блокадите се одвиваа без инциденти – со вклучување на сообраќајната полиција.