
Цените на нафтата се искачија на 68 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи инвеститорите ја одмеруваат најавената поголема понуда и побарувачка во летната сезона пред состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија, познати како групата OPEC+.
На лондонскиот пазар, цената на барелот беше за 63 центи повисока попладне отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 67,74 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше за 51 цент повисока цена, на 65,96 долари.
Засебно OPEC објави денеска дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот поевтинил за 22 центи на 68,06 долари во вторник.
Кон крајот на минатата седмица вниманието на пазарот го привлекоа сигналите од OPEC и групата сојузници дека би можеле да пласираат дополнителни 411.000 барели дневно на пазарот и во август. Тоа би значело дека периодот на зголемена понуда ќе се продолжи до целото лето.
„Се чини дека трговците веќе ја вклучиле таквата одлука во цените, па затоа повеќе нема да ги изненадува. Сите зборуваме за повеќе нафта што доаѓа на пазарот, но тоа сè уште не се случило можеби затоа што е потрошена дома“, објаснува Пријанка Сачдева од брокерската куќа „Phillip Novа“.
Саудиска Арабија испорачала 450.000 барели нафта дневно на клиентите во јуни, повеќе отколку во претходниот месец, според податоците на „Kpler“. Тоа значи дека испораките пораснале најсилно за повеќе од една година.
Сепак, извозот на целата група речиси стагнира од март.
Инвеститорите беа загрижени во средата од зголемувањето на залихите на сурова нафта во САД минатата недела, за 3,8 милиони барели, според Reuters, повикувајќи се на извештај од Министерството за енергетика.
Фокусот повторно беше на Блискиот исток откако во Иран стапи на сила закон кој предвидува прекин на соработката со Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ – IAEA). Според новиот закон, агенцијата ќе мора да добие дозвола од Врховниот совет за национална безбедност за инспекции на нуклеарните објекти на Иран.
Техеран ја обвинува МААЕ дека со своите изјави во договор со западните земји им дала „покритие“ на израелските и американските воздушни напади врз иранските нуклеарни објекти. Нападите започнаа само ден откако одборот на агенцијата во декларација изјави дека Иран наводно ги прекршил своите обврски според Договорот за неширење на нуклеарно оружје без да даде какви и да се докази.
„Пазарот сега вклучува во цената (на нафтата) мала премија за геополитичкиот ризик што го носи одлуката на Иран за МААЕ. Сепак, потегот само го одразува расположението, а не прекините во снабдувањето со нафта“, објаснува Џовани Стауново од UBS.