
Mинистерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, вели дека растот на бруто домашниот производ кој за 2024 изнесува над 3%, е повеќе од очекуваното.
„Тоа една од најтешките работи којашто стои како предизвик на една Влада, особено ако имаме предвид дека 7 години или како просечна стапка на раст на БДП во последните 7 години односно целокупниот период на владеење на СДСМ е некаде отприлика 1,6% и вообичаено е многу тешко да се стабилизира економијата. И морам да признаам дека мое огромно позитивно изненадување ова се бројки кои и јас не ги очекував. Ако се вратиме наназад кога го подготвувавме ребалансот на буџетот, нашите проекции беа дека стапката на раст за 2024 година ќе биде 2,1%, а завршивме со 2,8%. Имаше причина зошто е тоа така. За првиот квартал за 2024 година растот беше 1.9% и тоа е еден период пред распишување на избори, кој беше комплетно одговорност на претходната влада и кој самиот по себе покажуваше дека навистина ништо не работат. Вториот квартал им беше нешто подобар. Третиот квартал, со преземањето на власта, веќе БДП забележуваше повисоки стапки на раст, за да првиот квартал од 2025 го завршиме со 3% односно 3,2% доколку го исклучиме сезонскиот карактер. Клучен е моментот зошто го напоменувам сезонскиот карактер, затоа што кога ќе го исклучите сезонскиот карактер односно она кое во ад хок во дадени моменти заради сезоната влијае, ние имаме дури и повисок раст односно 322%, што укажува веќе три квартали по ред стабилна состојба“, посочи таа.
Според неа, довербата на приватниот сектор кон Владада е огромна, а растот на бруто домашните инвестиции е веќе двоцифрен.
„Дополнително на тоа имаме и поддршка којашто ја дадовме во форма на кредити со ниски каматни стапки, а во исто време оние 250 милиони евра проекти годинава и минатата година околу 75 милиони евра. И сето тоа направи на некој начин да има поголем оптимизам во приватниот сектор“, кажа министерката.
Димитриеска Кочоска истакна дека исто така градежниот сектор бележи раст од 7.1%, а позитивен раст има и кај индустриското производство, кое со месеци наназад беше во негатива или позитивна нула.