Нова инвестиција во автомобилската индустрија од 30 милиони евра

Станува збор за високо интегрирани системи во автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова инвестиција во вредност 30 милиони евра и нови до 300 вработувања. Станува збор за инвестиција на компанијата „Gentherm“ која е глобален лидер во автомобилската индустрија и го проширува своето производство во Прилеп.

„Gentherm, покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со свој план во процесот за проширување токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции. Станува збор за високо интегрирани системи во автомобилската индустрија со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова значително ќе го зголеми извозот на ова високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни на тој пазар, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека минатата година е завршена со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции – над 1 милијарда и 255 милиони евра.

„Никогаш досега во историјата немало ваков прилив на капитал. Во првите месеци од годината расте индустриското производство, а во мај месец постигнавме историски највисоко ниво последната деценија од 9,4% раст на индустриското производство и тоа не се само зборови, тоа се реални бројки, резултат на довербата што инвеститорите ја имаат во овој нов политички амбиент, додаде Мицкоски.

„Денес испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата.
Со особено задоволство ја објавувам новата инвестиција на Gentherm – глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката во Прилеп започнува со својот план за процесот на проширување на своето производство.
Gentherm со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме – дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни, стратешки и технолошки напредни инвестиции.
Инвестицијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања. Ова значително ќе го зголеми извозот и ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар.
Со тоа, стануваме регионален хаб на Gentherm за Европа.
Ова не е само уште една инвестиција. Ова е двигател на нашата економија“, објави Мицкоски на Фејсбук.