ВИДЕО: Големи пожари беснеат низ цела Грција – Гори од Халкидики до Крит

Десетици пожарникари, поддржани од противпожарни летала, несебично работат за да спречат ширење на пожарот во област каде што се наоѓаат хотели.

Серија пожари избувнаа во текот на вчерашниот ден низ цела Грција, која доживува топлотен бран од почетокот на неделата, јавува АА, пренесува НетПрес.

Пожарот што избувна попладнето во префектурата Ласити на Источен Крит е особено сериозен, а властите издадоа наредби за евакуација на жителите во Агија Фотија, Ахлија, Галини и Ферма кон Иерапетра, објави јавниот радиодифузен сервис ЕРТ.

Десетици пожарникари, поддржани од противпожарни летала, несебично работат за да спречат ширење на пожарот во област каде што се наоѓаат хотели. Критските медиуми објавија снимки што покажуваат дека пожарот стигнал до морето.

Друг пожар што избувна на островот Китира подоцна во текот на денот сè уште беснее, а еден во областа Вурвуру на полуостровот Халкидики е ставен под контрола.