
Шпанскиот 20-годишен мотоциклист Борха Гомез загина во несреќа за време на слободниот тренинг на патеката Неверс Мањи-Кур во Франција, соопшти тимот на Хонда Лаглис за кој возеше.
Гомез доживеа фатална несреќа во четвртокот за време на тестирањето пред третата трка од сезоната во календарот на Европското првенство на Меѓународната федерација за мотоциклисти (FIM).
Според извештаите на шпанските медиуми, на Гомез по несреќата налетал друг мотоциклист.
„Со тешко срце, за жал, мора да објавиме дека Борха Гомез почина на Мањи-Кур по сериозна несреќа за време на првата сесија на слободен тренинг пред Европското првенство. Покрај неговиот исклучителен талент, Борха ќе биде запаметен како голема личност. Неговата сочувство и насмевка се незаборавни. Засекогаш ќе го носиме во нашите срца“, се вели во соопштението на тимот на Хонда Лаглис.
Гомез се натпреваруваше во Светското првенство во Мото2 две сезони, возејќи за тимот Флексбокс ХП40 во 2022 година и за Фантик Рејсинг во 2023 година.