
Денеска, на 13-ти јули, се одбележува Светскиот ден на помфритот, кој е омилен прилог на многу луѓе ширум светот. Постојат неколку трикови при неговата подготовка благодарение на кои помфритот ќе има подобар вкус.
Исечете ги компирите и исплакнете ги со ладна вода. Оставете ги во ладна вода со додавање мраз или во фрижидер половина час. На овој начин ќе се ослободите од вишокот скроб во компирот.
Добро исушете ги откако ќе ги извадите од водата. Пржете ги компирите на средно загреано масло шест до осум минути. Не ставајте премногу компири во тавата за да не се залепат.
По шест до осум минути извадете ги од маслото и оставете ги малку да се изладат на собна температура. Во меѓувреме загрејте го маслото на повисока температура.
Полуизладените компири вратете ги во тавата и пржете дополнителни минутa или две. Извадете ги и ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло. Посолете и уживајте во јадењето!