Турски студенти уапсени во Штип за дрога

Во Штип лишени од слобода тројца државјани на Турција, студенти, кај кои се пронајдени 123 смеки од канабис.

На 03.07.2025 околу 22 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишија од слобода Ф.Т.(21), Ц.Н.С. (22) и Ј.Ц.С. (23), сите од Р.Турција, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 од КЗ.

Претходно, при претрес во стан во Штип во кој тие престојувале, полициски службеници пронајдоа 123 семки канабис. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.