
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, победник на последните два Вимблдона, се пласираше во осминафиналето на овогодинешниот Гренд- слем турнир на лондонската трева.
Во третото коло, Алкараз го победи германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф со 6-1, 3-6, 6-3, 6-4. Алкараз загуби еден сет, иако имаше предност во брејкот на почетокот на вториот сет. Најголемата борба се разви во четвртиот сет, кога Штруф добро се држеше до 4-4, кога загуби гем на свој сервис и со тоа дефинитивно потклекна.
За Алкараз во осминафиналето следува соочувањето со Русинот Андреј Рубљов, кој одигра многу добар натпревар против Французинот Адриан Манарен и победи со 7-5, 6-2, 6-3.
Алкараз победи по 21-ви пат по ред, а неговиот последен пораз беше во финалето на турнирот на земјена подлога во Барселона.
Рускиот тенисер Карен Хачанов, 17-ти носител на Вимблдон, стигна до осминафиналето со пресврт. Тој победи со 7-6(6), 4-6, 4-6, 6-3, 7-6(8) против Португалецот Нуњо Борхес. Ова му донесе натпревар против Полјакот Камил Мајчржак, кој го победи Французинот Риндеркнех со 6-3, 7-6(4), 7-6(6), а кој претходно на турнирот го победи третиот носител Александер Зверев.
Само четири носители преживеаја во долниот дел од жрепката. Покрај Алкараз, Рубљов и Хачанов, во игра е и петтиот носител Американецот Тејлор Фриц, кој во третото коло го победи Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 6-4, 6-3, 6-7(5), 6-1.
Квалификантот Николас Жари е сè уште во жрепката, а во третото коло жилавиот Чилеанец ја победи големата бразилска надеж Жоао Фонсека со 6-3, 6-4, 3-6, 7-6(4). Во осминафиналето, Жари ќе игра против домашниот фаворит Камерон Нори.