Вимблдон: Сабаленка тешко до победата над Радукану

Со многу труд и по голема борба, белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи 22-годишната Британка Ема Радукану во третото коло на Вимблдон.

Тенисерката број еден во светот, Сабаленка, славеше со 7-6(6), 6-4, иако во двата сета британската тенисерка имаше бројни шанси и можеше, исто така, да го добие овој натпревар во два сета.

Радукану водеше во првата делница со 4-2, но потоа Сабаленка направи пресврт и поведе со 5-4. Потоа Сабаленка промаши седум сет-топки на сервис на противничката, но набргу потоа и Радукану ја пропушти својата шанса. Со водство од 6-5, таа сервираше за 1-0 во сетови, но белоруската тенисерка го доби тај-брејкот.

Тај-брејкот беше исто така драматичен. Британката водеше со 6-5, но најдобрата светска тенисерка се извлече од таа позиција, освои три поени по ред и поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет Радукану водеше дури со 4-1, но и тоа беше премалку за неа целосно да го искомплицира овој дуел. Сабаленка возврати со пет освоени гема по ред и конечно славење 7-6(6), 6-4.

Во осминафиналето, Сабаленка ќе игра против Белгијката Елис Мертенс, која ја победи Украинката Елина Свитолина со 6-1, 7-6(4).

Вимблдон, 3. коло тенисерки:

Арина Сабаленко (Беелорусија/ 1) – Ема Радукану (Велика Британија) 7-6 (6), 6-4
Анастасија Пављученкова (Русија) – Наоми Осака (Јапонија) 3-6, 6-4, 6-4
Аманда Анисимова (САД/13) – Далма Галфи (Унгарија) 6-3, 5-7, 6-3
Солана Сиера (Аргентина) – Кристина Буча (Шпанија) 7-5, 1-6, 6-1
Линда Носкова (Чешка/30) – Камила Рахимова (Русија) 7-6(6), 7-5
Сонај Картал (Велика Британија) – Дајан Пари (Франција) 6-4, 6-2
Лаура Зигемунд (Германија) – Медисон Кис (САД/6) 6-3, 6-3
Елизе Мертенс (Белгија/24) – Елина Свитолина (Украина/14) 6-1, 7-6(4)