ВИДЕО/ ФОТО I Трогателни сцени на погребот на Жота и Силва

Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го потресе целиот свет, особено спортските фанови…

Денес беше погребот на двајцата браќа, а појавувањето на сопругата на Диого Жота, Рут Кардосо на гробиштата ги потресла сите. Имено, таа се појавила облечена цела во бело, исто како на 22 јуни оваа година кога двајцата се венчале…

Мајката на три мали деца била неутешна на погребот на својот сопруг… Таа одела веднаш до ковчегот со телото на својот сопруг, а според изразот на нејзиното лице, се чинело како да ќе се сруши од тага и болка во секој момент…

Тука биле и мајката и таткото на маченичките фудбалери Изабел и Жоаким, како и дедото на Жоаким.

https://twitter.com/SkyNews/status/1941423132708839703

На погребот присуствувале многу членови на семејството, пријатели, соработници и колеги… Таму биле собрани и многу навивачи, кои внимателно следеле сè од другата страна на оградата.

Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон носеле венци со броевите 20 и 30, кои Жота и Силва ги носеле во своите клубови.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1941423755815014653

Диого Жота беше особено познат во фудбалските кругови како голгетер од светска класа за Ливерпул и Португалија. Освен неговото семејство, голем број негови соиграчи, пријатели од светот на фудбалот и други луѓе дојдоа на погребот во Гондомар, Португалија, во саботата.

Да ве потсетиме дека во сообраќајната несреќа што се случи во Шпанија на 3 јули, Ламборџинито што го возеа се запалило откако гумата пукнала при возење и тие се лизнале од патот. Двајцата млади мажи починале на самото место.