
Во судир меѓу „ауди’ и моторцил во Кичево загинало 17-годишно момче.
На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидрич“ и „Мирко Милески“ во Кичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „Хамачи“, управуван од 17 годишно момче од Кичево.
-Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите, а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт, информира МВР.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција.