Американското Федерално биро за истраги (FBI) отвори кривични истраги против поранешниот директор на Централната разизнавачка агенција (CIA), Џон Бренан, и поранешниот директор на FBI, Џејмс Коми, објави во вторникот Fox News Digital, повикувајќи се на извори.
Истрагите се спроведуваат поради наводни неправилности и пропусти поврзани со минатите владини истраги за тврдењата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година, во кои претседателот Доналд Трамп неочекувано ја победи поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, според извештајот.
Од FBI, CIA и Министерството за правда не ги коментираа веднаш информациите.
Кривичната истрага не мора нужно да резултира со обвиненија. Бренан не одговорил веднаш на барањето на Reuters за коментар, додека не било веднаш можно да се контактора со Коми.
Во написот на Fox News Digital се наведува дека нивните извори се од Министерството за правда, но не го прецизираше бројот на извори.
Според извештаите, истрагите се насочени кон двајца поранешни функционери кои долго време го предизвикуваат гневот на Трамп и неговите поддржувачи поради нивната улога во истрагата за наводно руското мешање во изборите во 2016 година.
Коми го водеше FBI кога администрацијата започнаа кривична истрага во 2016 година за наводна потенцијална координација меѓу кампањата на Трамп и руската влада за влијание врз изборите. Трамп го отпушти Коми во 2017 година на почетокот на неговиот прв мандат откако Коми јавно потврди дека Трамп е под истрага.
Истрагата потоа ја презеде поранешниот специјален советник Роберт Милер, кој гонеше неколку соработници на Трамп, но не пронајде докази за криминален заговор меѓу кампањата на Трамп во 2016 година и Русија.
Трамп со години се спротивставува на истрагата и постојано ја отфрла како „лов на вештерки“ од неговите политички противници.
Извештајот на CIA објавен минатата седмица откри пропусти во проценката на американската разузнавачка заедница за наводното руско мешање во изборите во 2016 година, и воопшто не го спомена тогашниот заклучок дека рускиот претседател Владимир Путин наводно се обидел да ги наведе гласовите во полза на Трамп.