Во Куманово ќе се одржи трибина, обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски

Денес во 19:30 часот, партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина во Општина Куманово на тема: „Од енергетска стабилност до силна економија!“, на која говорници ќе бидат:

– Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата;

– Сања Божиновска – претседателка на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ и министерка за енергетика, рударство и минерални суровини;

– Бобан Николовски – претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово и директор на Царинска управа;

– Бране Петрушевски – пратеник во македонското Собрание од ВМРО-ДПМНЕ;

– Лазар Узунчев – директор на ЕСМ.

Поврзани вести

Најнови вести