Шеснаесетгодишник загина откако со мопед се заби во столб кај охридска Рача

Ноќта кон четвртокот (17.07.2025) околу 1,40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, на потегот меѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

„Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница ‘Свети Еразмо’ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

Поврзани вести

Најнови вести