ВИДЕО| САД не ги поддржале израелските напади во Сирија

Соединетите држави не ги поддржаа неодамнешните израелски напади во Сирија, соопшти Стејт департментот во четвртокот, додавајќи дека Вашингтон јасно го искажал своето незадоволство откако ескалирале тензиите и брзо дејствувал за да ги запре нападите.

Израел започна напади врз Дамаск во средата, гаѓајќи ги владините сили на југот на земјата за да ги принуди да се повлечат, тврдејќи дека сака да ги заштити сириските Друзи, дел од мало но влијателно малцинство што живее и во Либан и Израел, а кое во сириската граѓанска војна се држеше резервирано со мала наклонетост кон сега соборениот претседател Башар ал-Асад.

„Во однос на израелската интервенција и активности… САД не ги поддржаа неодамнешните израелски напади… Одржуваме дипломатски контакти со Израел и Сирија на највисоко ниво за да ја решиме сегашната криза и да постигнеме траен договор меѓу двете суверени држави“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, пред новинарите.

Брус одби да каже дали САД го поддржуваат Израел во спроведувањето на вакви воени операции кога смета дека се неопходни.

„Нема да зборувам за идни или минати дискусии. Сега ја имаме оваа специфична епизода… и мислам дека бевме многу јасни во врска со нашето незадоволство, претседателот сигурно го стори тоа, и ние реагиравме многу брзо за да ги запреме нападите“, рече таа.

Додаде дека САД го осудуваат насилството во Сирија и активно соработуваат „со сите страни во таа земја за да се движиме кон мир и да ги продолжиме разговорите за интеграција“, и ја повика новата исламистичка сириска влада предводена од поранешните сојузници на џихадистичките терористичпки групации Исламска држава и Ал Каеда да ги предводи овие напори.

 

 

Поврзани вести

Најнови вести