Лука Јовиќ во АЕК

Српскиот фудбалски репрезентативец, 27-годишниот Лука Јовиќ ќе ја продолжи кариерата во грчки АЕК, со кого потпиша двегодишен договор.

Јовиќ се сметаше за огромен талент на почетокот на својата кариера, пристигнувајќи во Бенфика во 2016 година, а три години подоцна потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид, кој исплати отштета од 60 милиони евра. Сепак, тој одигра само 36 натпревари и три гола за „Кралскиот“ клуб, а потоа следеа епизоди во Ајнтрахт Франкфурт, Фиорентина и Милан пред да замине во АЕК.

Досега има одиграно 45 натпревари и постигнато 11 гола за српската репрезентација.

Поврзани вести

Најнови вести