Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани

Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина во длабока старотс, објави неговата компанија во четврток.

„Со бескрајна тага, групацијата Armani ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“, соопшти модната куќа.

Армани, кој имаше 91 година, беше синоним за модерен италијански стил и елеганција. Тој го комбинираше дизајнерскиот талент со проницливоста на бизнисмен, водејќи компанија која генерираше годишна продажба од околу 2,3 милијарди евра.

Тој не се чувствуваше добро веќе некое време и беше принуден да се повлече од ревиите на својата група на Седмицата на машка мода во Милано во јуни, првпат во неговата кариера да пропушти еден од неговите модни настани.

Познат како „Re Giorgio“ – Кралот Џорџо – дизајнерот беше познат по тоа што надгледуваше секој детаљ од својата колекција и секој аспект од својот бизнис, од рекламирање до стилизирање на косата на моделите додека излегуваа на пистата.

Комеморација за Џорџо Армани ќе се одржи во сабота и недела во Милано, соопшти компанијата, по што ќе следи приватен погреб на неодреден датум.

Поврзани вести

Најнови вести