Во неделата (14.09.2025) утрото околу 7,50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода 28-годишната Ј.Н. од Кочани.
Полициските службеници постапувале по претходна пријава дека во саботата вечерта околу 22,10 часот во Штип со употреба на сила внела 21-годишна девојка од Штип во возило кое го управувало друго женско лице, по што ја однеле во една штипска населба каде физички ја нападнала и ја снимала со телефон, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.