Крвавата драма се случила попладнево во Велес кога момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа и нанело повеќе убоди од нож а потоа и на нејзиниот татко. Потоа момчето си пресудило и на себе си, дознава Дума.мк. Според други извори станува збор за поранешен сопруг кој што ја убива поранешната сопруга и нејзиниот татко.
-Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат но не успеале. Потоа, исто така, примено е и машко лице на кое не можело да му се укаже лекарска помош бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт, изјави д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.
Потпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска најави официјална информација за немилиот настан.