Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска при посетата на општина Зрновци како одговор на новинарско прашање изјави дека има целосна доверба во предложените кадровски решенија, но нагласи дека нивната работа ќе биде постојано следена и оценувана.
Тој рече дека се труделе да бидат објективни и врз основа на она со кое располагале, како информации, да донесат најдобра одлука.
„Имам доверба во секој еден од предложените кадровски решенија. Имам доверба дека ќе покажат вонредни резултати. Тука сме ние секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку гледаме дека имаме намалување на динамиката и темпото на реализацијата на политиките кои се ветени спрема граѓаните, да ги опоменеме. Така што никој не е вечен и никому ништо не е загарантирано и однапред априори дадено. Секој ќе мора да се потруди максимално, мора тоа што се ветува пред граѓаните и да се испорачува“ рече премиерот Мицкоски.