Вознемирувачко ВИДЕОI Во болница ја убил бившата сопруга – Турција е во шок, се бара доживотна казна за монструмот

Брутално злосторство во Турција: 44-годишен маж ја егзекутирал својата 42-годишна поранешна сопруга во болница. Убиството се случило еден ден откако на насилникот му била издадена наредб за забрана за приближување на жртвата.

Моментот на убиството на 42-годишната Есер Караџа во Турција од страна на нејзиниот 44-годишен поранешен сопруг, Атила Ајдапли, е снимен од безбедносна камера. Бруталниот злостор се случил во среда во приватната болница во градот Кахранмармарас, каде што работела 42-годишната мајка на две деца. На видеото, Ајдапали е прикажан како влегува во канцеларијата на неговата поранешна сопруга носејќи црна чанта. Неколку секунди подоцна, жената е прикажана како излегува од канцеларијата и бега. Потоа 44-годишникот извадил пушка од чантата и ја застрелал 42-годишната жена од непосредна близина на скалите, додека таа ги кренала рацете во воздух, молејќи го да престане.

Потоа ја застрелал жената уште двапати пред да истрча кон излезот. Според информациите од турските медиуми, убиството се случило еден ден откако биле изречени рестриктивни мерки против 44-годишникот. Ајдапли беше уапсен кратко по злосторството, а обвинителите бараа доживотна казна затвор, пренесува, пренесува прототема.гр.

Поврзани вести

Најнови вести