АТП Пекинг: Синер ја освои својата 21-ва титула во кариерата

Италијанецот Јаник Синер ја освои 21-та титула во својата кариера откако убедливо го победи младиот Американец Лернер Тијен со 6-2, 6-2 во финалето на тенискиот турнир во Пекинг одиграно во средата.

Моментално вториот тенисер во светот не му даде никаква шанса на Тијен (АТП-52), за кого ова беше прво финале на АТП турнирите. Италијанецот го освои овој турнир по вторпат, откако славеше во 2023 година кога го победи Даниил Медведев во финалето.

Деветнаесетгодишниот Тијен се пласираше во финалето откако Медведев му го предаде полуфиналниот меч во вторникот.

На Синер му беа потребни еден час и 14 минути и четири сервис-брејкови за да победи, по два во секој сет. Исто така, тој сервираше десет аса и имаше 77 отсто реализација на поени на првиот сервис.

Поврзани вести

Најнови вести