Четири лица повредени во напад со нож во синагога во Манчестер

Британската полиција во четвртокот соопшти дека четири лица се повредени во напад со нож во синагога во Манчестер, објави BBC.

Полицијата во Манчестер потврди дека осомничениот за нападот во синагогата во Крампсал бил застрелан, но не можеше да каже во каква е неговата состојба, пренесе BBC.

Инцидентот во Манчестер се случил на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар. Голем број Евреи посетуваат синагоги и постат на тој ден.

Според локалниот весник Manchester Evening News, откако бил пријавен нападот со нож бил поставен полициски кордон, а еден главниот правец бил затворен додека полицијата реагирала.

Весникот додаде дека на местото на настанот биле и болничари.

Службите за итни случаи на NWAS соопштија дека инцидентот се случил во Крампсал, предградие северно од Манчестер, и дека го распоредиле својот персонал и опрема во областа, објави Reuters.

Поврзани вести

Најнови вести