На почетокот на октомври побелеа Попова Шапка и Маврово. Од видео камерите на Шапка може да се види дека планината е покриена со првиот снег.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде потрокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд.

Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка, соопшти УХМР.
Најмногу снег се очекува на повисоките планини во северозападниот дел од земјава.

Денеска најстудено е во Маврово, со утринска температура од 1 степен, и дневна до само 3 степени.
Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на одредени места ќе одат и во минус, а дневните ќе бидат во пораст.