Приватните превозници од понеделник ќе возат само прва смена поради неисплатен долг од ЈСП

Приватните компании „Јофи бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“, кои редовно сообраќаат во јавниот градски превоз, побараа од ЈСП „Скопје“ итна исплата на акумулираниот долг во износ од 170 милиони денари. Според нив, во моментов се достасани 90 милиони денари.

Доколку до понеделник не биде исплатен долгот кон нив од ЈСП, приватните превозници ќе го намалат возниот ред за дури 70 отсто. Наместо вообичаениот распоред, автобусите ќе сообраќаат само во прва смена – од 5:00 до 10:00 часот, соопшти Јовица Зафировски, сопственик на „Јофи бус“.

Приватните компании „Јофи бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“, кои редовно сообраќаат во јавниот градски превоз, побараа од ЈСП „Скопје“ итна исплата на акумулираниот долг во износ од 170 милиони денари. Според нив, во моментов се достасани 90 милиони денари.

– Долгот не е намирен уште од април. Ние не можеме да опстанеме шест месеци без приходи, како што тоа, можеби, го прават вработените во ЈСП. Имавме план да го прекинеме возењето, но одлучивме да бидеме коректни кон граѓаните на Скопје. Чекаме до понеделник. Ако се уплатат средства, ние ќе продолжиме да возиме. Но, потребна е итна реакција – изјави Зафировски.

Директорот на ЈСП Скопје Драги Кушовски, кој дојде на прес-конференцијата на приватните превозници, рече дека е позната состојбата во која се наоѓа ЈСП и дека тоа не е никакво оправдување, но нагласи дека кон приватните превозници се исплаќаат долговите согласно нивните можности.

-Од како сум јас директор, долгот се намалува и не е тој што беше кажан од приватните превозници. Траба да се престане со манипулација на граѓаните и дека ЈСП располага со возниот парк кој што располага и ги пушта сите автобуси што ги има. Недостаток на автобуси знаеме дека има, а ние да пуштаме наши автобуси да бидат полни за да се штедат приватните автобуси за да не се амортизираат, тоа не е дозволиво. Треба да бидат коректни кон граѓаните, а не да се влечат позади автобусите на ЈСП. Долгот кон сите тројца приватни превозници е околу 60 милиони денари, истакна Кушовски.

На ова реагираа приватните превозници дека долгот е поголем. И двете страни бараа да се покажат уплатите, но се остана само на зборови. Директорот на ЈСП ги праша дали имале средба и дали се договориле дека исплатата ќе се врши според можностите на ЈСП, приватниците потврдија, но рекоа дека не им е исплатена сумата, односно им е исплатен само мал дел од долгот.  Вчера им биле исплатени по 300 илјади денари, а пред пет недели по 10 милиони денари за долгот од март. Превозниците на директорот му посочија дека не можат да ги покријат долговите кон бензинските пумпи и дека веќе им се најавени извршители.

Поврзани вести

Најнови вести