Почина Милан Мандариќ, познат по успешното управување со низа фудбалски клубови низ Европа

Српско-американскиот бизнисмен Милан Мандариќ почина во Белград на 88-годишна возраст, објавија словенечките медиуми. Врската на Мандариќ со фудбалот датира од крајот на 1970-те, кога почнал да инвестира во клубови во САД. Неговиот деловен ангажман подоцна го однесе во Европа, каде што прво беше активен во Белгија во Шарлроа и во Франција – во Ница, а потоа стана сопственик на неколку познати англиски клубови.

Мандариќ е најзапаметен во фудбалскиот свет по Портсмут, чиј сопственик стана во 1999 година. Мандариќ го купи клубот кој беше во голема финансиска криза и го спаси од банкрот. Благодарение на успешното управување на Мандариќ, клубот се опорави следните години и се пласираше во Премиер лигата.

Во септември 2003 година, по првата победа во првиот натпревар од Премиер лигата, на улиците на Портсмут се одржа голема прослава. Градската администрација го пречекала Мандариќ со највисоки почести достојни за кралско семејство, а навивачите го скандира неговото име и пееја песни во негова чест. Подоцна беше во сопственичките структури на англиските клубови Лестер Сити и Шефилд Венздеј.

Во јуни 2015 година а презеде Олимпија Љубљана од Изет Растодер и ја предводеше до титулата во националното првенство во нивната прва сезона, 2015/16, по долго чекање од 21 година. За време на неговиот мандат, беа освоени вкупно две шампионски титули и три куп-трофеи. Се пензионираше од функцијата претседател на клубот во 2021 година, по шест успешни години, а го наследи Германецот Адам Делиус.

Роден е на 5 септември 1938 година во Лика, а пораснал во Нови Сад, каде што дипломирал за машински инженер. Милан Мандариќ На само 21 година, ја презел продавницата на својот татко, а веќе на 26 години, неговата компанија станува најкрупна во тогашна Југославија, произведувајќи автоделови. Во 1969 година, ја напушти земјата и се преселува во САД.

Таму ја започнува кариерата во производител на компјутерски делови, а по несогласување со своите партнери, ја основа својата компанија „Lika Corporation” во 1971 година. Пет години подоцна, добива американско државјанство, а неговата компанија станува еден од најуспешните производители на компјутерски делови во земјата. По продажбата на компанијата „Тandy Corporation“ основа нова компанија „Sanmina“, која развива високотехнолошки производи и придонесува за растот на Силиконската долина.

Поврзани вести

Најнови вести