Во последниот натпревар во понеделникот во рамките на кошаркарската АБА лига, Задар оствари важна победа во Белград против Црвена ѕвезда со 85:79.
Задар одлично ја започна сезоната во од оваа сезона проширената регионална лига, победувајќи го евролигашот и фаворит Црвена ѕвезда на нејзиниот паркет. Ова е голема победа за хрватскиот претствник кој од година в година гради солиден тим но не успеа да се пласира во плејофот на регионалната лига последните две сезони.
Ѕвезда влезе подобро во натпреварот, но на средината од првото полувреме Задар го презема водството со 14:11 и не ја испушти предноста до крајот на натпреварот. На крајот од првото полувреме, гостите имаа предност од шест поени (27:21), исто како на полувремето +6 (43:37).
Белградскиот тим во неколку наврати се спушти на минус два, но Задар секогаш ги одбиваше налетите на Ѕвезда. Во средината на третата четвртина, Задар имаше највисоки +11, а на крајот од тој период имаше +9 (62:59). Во последната четвртина Ѕвезда го намали водството на 64:69, но Задар брзо повторно се оддалечи на 10 поени, а потоа ја одбрани предноста до крајот.
Задар погоди 15 тројки од 35 обиди (42 отсто), додека испретураниот состав на Црвена ѕвезда погоди само пет тројки од 27 обиди, или многу сиромашни 18 отсто.
Задар до победата го предводеа Владимир Михаиловиќ со 21 поен, Карло Жганец со 18 и Луис Бич со 17 поени. Најефикасни играчи за домашниот тим беа Ебука Изунду и Семи Оџелеје со по 15 поени.
РЕЗУЛТАТИ – 1. коло:
ГРУПА А:
Партизан – Крка 84:78
Дубаи – Сплит 92:58
Игокеа – ФМП 92:88
Дерби – Борец 76:79
ТАБЕЛА:
1. Дубаи 1 1 0 92:58 2
2. Партизан 1 1 0 84:78 2
3. Игокеа 1 1 0 92:88 2
4. Борец 1 1 0 79:76 2
5. Дерби 1 0 1 76:79 1
6. FMP 1 0 1 88:92 1
7. Крка 1 0 1 78:84 1
8. Сплит 1 0 1 58:92 1
9. Клуж-Напока 0 0 0 0-0 0
ГРУПА Б:
Црвена ѕвезда – Задар 79:85
Виена – Илирија 85:84
Цедевита Олимпија – Мега 117:81
Будуќност – Спартак 93:97
ТАБЕЛА:
1. Цедевита Олимпија 1 1 0 117:81 2
2. Задар 1 1 0 85:79 2
3. Спартак 1 1 0 97:93 2
4. Виена 1 1 0 85:84 2
5. Илирија 1 0 1 84:85 1
6. БудуќностИ 1 0 1 93:97 1
7. Црвена ѕвезда 1 0 1 79:85 1
8. Мега 1 0 1 81:117 1
9. Босна 0 0 0 0:0 0