Квалификации СП 2026: Швајцарија и Франција и натаму максимални

Швајцарските и француските фудбалски селекциии по третото коло го задржаа својот сто отстотен учинок во групите Б и Д од европската квалификациска зона за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, и се блиску до квалификации за мундијалот.

Швајцарија ја надигра и Шведска со 2:0 како гостин со головите на Џака (65-пенал) и Манзамби (90+4), додека Франција, како што се очекуваше, рутински го победи Азербејџан дома со 3:0 голови на Мбапе (45+2), Рабио (69) и Товен (84).

Швајцарија е убедливо на врвот на групата Б со девет бода, пет повеќе од второпласираното Косово, кое одгра 0:0 дома против Словенија, која со тоа е трета во групата со два бода заостанување, додека Шведска е на дното со еден бод.

Во Групата Д, Франција е исто така сигурна на врвот со девет бода, пет повеќе од второпласираната Украина, која го победи Исланд со 5:3, односно шест повеќе од третопласираниот Исланд, додека Азербејџан е на дното со еден бод.

Украина ја оствари победата во Рејкјавик со головите на Малиновски (14, 45+5), Хуцуљак (45), Каљужни (85) и Очеретко (88), додека за домашните головите ги постигнаа Елертсон (35) и Гудмундсон (59, 75). Украина водеше со 3:1, Исланд успеа да се врати на 3:3, но Украинците постигнаа два гола во завршницата и дојдоа до важни три бода.

Германија ја предводи Групата А со сигурна победа од 4:0 над Луксембург, со што се израмни со Северна Ирска и Словачка по победата на Ирците од 2:0 во Белфаст во нивниот меѓусебен дуел.

Стрелци за Германија беа Раум (12), Кимих (21-11м, 51) и Гнабри (48), додека Северна Ирска ја победи Словачка со автогол на Хрошовски (18) и погодокот на Хјум (81).

Македонија го задржа водството во групата Ј со ремито 0:0 на гости против Белгија. Македонците имаат 12 бода од шест натпревари, бод помалку со натпревар помалку има второпласираната Белгија а два бода заостанува третопласираниот Велс со натпревар помалку.

Поврзани вести

Најнови вести