ВИДЕО| Вооружени напаѓачи филмски ограбија златарница во Гостивар

Полицијата попладнево добила дојава дека четири маскирани лица вооруженни со автоматски пушки извршиле разбојништво во златарница близу „Мал пазар“ во Гостивар.

Според досегашните сознанија на полицијата, по извршениот грабеж осомничените кои засега не се иденификувани побегнале со автомобил марка „бмв“ без регистарски таблички.

Веднаш е постапено по повикот и се преземени мерки за да се утврди што се случило и се трага по сторителите, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани вести

Најнови вести