Евролига: Потценетата Ѕвезда го изнанади шампионот Фенербахче

Ден откако по трите воведни пораза во новата натпреварувачка сезона беше отпуштен грчкиот тренер Јанис Сферопулос, кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда ја забележаа својата прва победа во Евролигата оваа сезона, победувајќи го на гостински терен актуелниот европски шампион Фенербахче.

Од почетокот на натпреварот, „црвено-белите“ остварија предност и не ја испуштија. Фенербахче имаше неколку силни налети, особено во последната четвртина кога заостануваа и на само еден посед, но Ѕвезда успеаја да го исконтролира натпреварот и да остварат голем триумф.

Најдобри поединци во Црвена ѕвезда беа Чима Монеке со 20 поени и Тајсон Картер со 15. Мора да се спомене и одличната изведба на најновиот член на белградските „црвено-бели“, Донатас Мотејунас. Тој беше одличен со 13 поени и донесе голема самодоверба во тимот на Томовиќ.

Најдобар за Фенербахче беше новодојдениот Хортон Такер со 17, кого го следеше Колсон со 16.

Денесла заврши третото коло од Евролигата, во кое белградските клубови, и Партизан и Црвена ѕвезда славеа против турските тимови. Прво, „црно-белите“ го победија Анадолу Ефес дома во четврток со резултат од 93:87, а вечерва „црвено-белите“ излегоа како победници против Фенербахче на гостински терен.

Единствениот тим со максимален учинок е Жалгирис, додека само Басконија е без победа. Партизан има две победи и еден пораз, додека Црвена ѕвезда има една победа и два пораза.

Резултати петок:
Фенербахче – Црвена ѕвезда 81:86
Олимпијакос – Дубаи 86:67
Барселона – Валенсија 108:102
Баерн – Жалгирис 70:98

ТАБЕЛА:
1. Жалгирис 3 3 0 100%
2. Монако 3 2 1 66,7%
3. Реал Мадрид 3 2 1 66,7%
4. Олимпијакос 3 2 1 66,7%
5. Хапоел Тел Авив 3 2 1 66,7%
6. Валенсија 3 2 1 66,7%
7. Панатинаикос 3 2 1 66,7%
8. Париз 3 2 1 66,7%
9. Барселона 3 2 1 66,7%
10. Партизан 3 2 1 66,7%
11. Фенербахче 3 1 2 33,3%
12. Армани Милано 3 1 2 33,3%
13. Макаби Тел Авив 3 1 2 33,3%
14. Анадолија Ефес 3 1 2 33,3%
15. Асвел Вилербан 3 1 2 33,3%
16. Црвена ѕвезда 3 1 2 33,3%
17. Виртус Болоња 3 1 2 33,3%
18. Баерн 3 1 2 33,3%
19. Дубаи 3 1 2 33,3%
20. Басконија 3 0 3 0%

Поврзани вести

Најнови вести