Променливо облачно со сончеви периоди

На територијата на Македонија во сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд.

Во Скопје, исто така, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температирите ќе се движат во интервалот од 12 степени во повисоките места во западниот дел, до 21 Целзиусов степен на југот.

Поврзани вести

Најнови вести