Радовишката полиција уапсила 23-годишен маж, откако при сообраќајна контрола утврдила дека возел пијан.
Како што соопшти МВР, пијаниот возач е фатен вчера во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци.
Е.В.(23) од Радовиш, околу половина час претходно, во близина на наведената крстосница со патничко возило „опел“ со струмички таблички удрил во банкина покрај патот. Потоа кога дошле полицајците, му измериле 2,25 промили алкохол во крвта.
Пијаниот возач е задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот, против 23-годишникото ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.