Евролига: Дубаи ја урна и Барселона, голем пресврт за Олимпијакос

Кошаркарите на новиот член на Евролигата – Дубаи, ја победија Барселона со 83:78 на домашен терен во 5. коло и моментално се наоѓаат на осмото место на табелата во Евролигата.

Филип Петрушев со 23 поени и осум скока беше најдобар играч во тимот предводен од Јурица Големац кој во средата го продолжи договорот со клубот, а Двејн Бејкон заврши со 20 поени. Дарио Бризуела и Торнике Шенгелија постигнаа по 19 поени за Барселона.

По првите три победи, Жалгирис претрпе два последователни пораза, против Црвена ѕвезда во Белград и од Милано во Каунас. Дури четворица играчи од италијанскиот тим стигнаа по 15 поени: Девин Букер, Квин Елис, Џампаоло Ричи и Шевон Шилдс. Марко Гудуриќ постигна 14 поени за победниците. Арнас Буткевичиус беше најдобар стрелец за домашната екипа со 20 поени.

Со голем пресврт во последните четири минути од натпреварот, Олимпијакос победи во Белград, каде што го играше својот домашен натпревар Макаби од Тел Авив. Израелскиот тим имаше предност од 12 поени (93:81), но постигна само уште еден поен до крајот на натпреварот а прими 14. Никола Милутинов го започна пресвртот со шест последователни поени, а Саша Везенков го комплетираше со постигнување на последните пет поени од натпреварот. Макаби ги имаше последните 17 секунди за напад, но Лони Вокер IV беше заробен меѓу двајца играчи на Олимпијакос и не можеше да ја фрли топката дури ни до обрачот.

Везенков и Милутинов постигнаа по 23 коша за победниците. Кај Макаби, Џефри Даунтин Џуниор беше најдобар со 24 поени.

Евролига – 5. коло
четврток:
Дубаи – Барселона 83:78
Жалгирис Каунас – ЕА7 Армани Милано 78:89
Фенербахче – Баерн Минхен 88:73
Макаби Тел Авив – Олимпијакос 94?95

петок:
Црвена ѕвезда – Реал Мадрид
Анадолу Ефес – Панатинаикос
Монако – Валенсија
АСВЕЛ Вилурбан – Виртус Болоња
Басконија – Партизан
Париз – Хапоел Тел Авив

ТАБЕЛА:
1. Реал Мадрид 4 3 1
2. Париз 4 3 1
3. Хапоел Тел-Авив 4 3 1
4. Панатинаикос 4 3 1
5. Жалгирис Каунас 5 3 2
6. Барселона 5 3 2
7. Олимпијакос 5 3 2
8. Дубаи 5 3 2
9. Монако 4 2 2
10. Валенсија 4 2 2
11. Анадолу Ефес 4 2 2
12. Црвена ѕвезда 4 2 2
13. Виртус Болоња 4 2 2
14. Партизан 4 2 2
15. ЕА7 Армани Милано 5 2 3
16. Фенербахче 5 2 3
17. Баерн Минхен 5 2 3
18. АСВЕЛ Вилурбан 4 1 3
19. Макаби Тел Авив 5 1 4
20. Басконија 4 0 4

Поврзани вести

Најнови вести