Денешниот ден е последниот од изборната кампања за претстојните локални избори, односно в недела, 19 октомври, ќе се одржи првиот круг на локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите.
Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да ги претстават своите програми.
Од понеделник, 20 октомври ќе почне изборната кампања за вториот круг на локалните избори, односно само во оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот круг.