3.8 C
Skopje
сабота, декември 14, 2024

Исчезнатото дете во Прилеп пронајдено мртво

Двегодишниот О.Н. од Прилеп рано изутрината е пронајден мртов во каналот со вода во прилепската населба Тризла.

 Според основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска вчера родителите пријавиле дека исчезнало двегодишно дете од прилепската населба Тризла.

– Вчера околу 15.30 часот родителите на двегодишниот Омер пријавиле дека исчезнало нивното дете. Потрагата по детето траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело од членови на семејството е пронајдено изутрината, околу 6.30 часот во каналот со вода што се протега од Марковите кули кон населбата Тризла. Било удавено и со лицето кон водата во каналот, изјави Салатоска Илиоска, објави „Телеграф

Јавниот обвинител побара да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на двегодишното дете.