Погледнете ја листата на најголемите должници во Македонија

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2016 за долгови доспеани до 31.10.2015 и неплатени до 31.01.2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини

Физичките лица и самостојни вршителите на дејност, кои се најдоа на втората листа на должници, имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот е над 300.000 денари.

Листата може да ја погледнете тука

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.