На вчерашната средба во Клубот на пратениците во Скопје присуствуваа и амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав. Рокот за договор за медиумите истекува в петок.
Има уште многу работа. Разговорите продолжуваат денеска. Ова беше пораката на белгискиот посредник Питер Ванхојт на Твитер во два часот по полноќ, по завршувањето на вчерашната средба.
СДСМ го поддржува предлогот на Ванхојт, додека ВМРО-ДПМНЕ смета ако веќе треба да се прават законски измени, бара да се прифати закон за медиумите на која било земја членка на ЕУ.
Од Македонската медиумска асоцијација (ММА – ТВ Сител, Телма, Канал 5, Алсат и Алфа) изјавија дека по средбата со Ванхојт нивните предлози за измени во законот биле прифатливи, освен за начинот на избор на членовите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.