Пладневни книжевни средби во „Матица“

„Матица македонска“ и оваа седмица го продолжува со пладневни книжевни средби одбележувањето на 25-годишниот јубилеј.  Од 13 часот денеска во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ издавачката куќа организира средба со Јован Јоновски за неговата книга „Симболите на Македонија“.

Во наредните четири дена во истиот термин и локација ќе се одржуваат средби со авторите: Ристе Стефановски за „Мојот театар моите вистини“; Витомир Митевски за „Апстрактна терминологија“; Братислав Ташковски за „Див ангел“ и со Томислав Тодоровски за „Македонската книжевност во 19 и 20 век“.

– Љубителите на македонската книга низ разговор со познатите научници, публицисти и писатели ќе имаат можност изворно да се запознаат со нивните новообјавени дела, воедно и да добијат авторска посвета, соопшти „Матица“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.