„Курир“: Нов чуден феномен кај СДСМ – Слават зошто мислат дека ќе нема избори

„Курир“: Нов чуден феномен кај СДСМ - Слават зошто мислат дека ќе нема избори
„Курир“: Нов чуден феномен кај СДСМ - Слават зошто мислат дека ќе нема избори
Ова е редок феномен забележан во поновата историја, односно опозициска партија да слави поради тоа што мислат дека ќе нема избори и на тој начин ќе си ги спасат своите политички кариери.

Во моментот кога се соопштуваше ставот на меѓународната заедница за изборите закажани на 24-ти април од страна на американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, раководството на најголемата опозициска партија СДСМ, славеше во една скопска кафеана.

На фотографијата која беше објавена од некои соросови портали, покрај лидерот Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска, можат да се забележат потпретседателот Дамјан Манчевски, директорот на партискиот Центар за комуникации Роберт Поповски, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и пратеничката Рената Десковска.

Но, дури и американскиот амбасадот Џес Бејли на крајот од својата изјава ја кажа суштината, а тоа е дека Собранието, а не некој друг од страна одлучува за тоа кога ќе има избори. Бејли рече дека одлуката дали ќе се промени датумот за избори е на Собранието на Република Македонија.

-Собранието го има клучниот збор за тоа кога ќе има избори, подвлече американскиот амбасадор.

Собранието веќе одлучи изборите да бидат на 24 април и тоа е влезено во самиот изборен законик. Опозицијата слави зошто нема да се соочи со народот, што преставува и социолошки феномен и уникатен пример на опозиција која се плаши од сопствениот народ.

Дел од опозициските медиуми и експоненти воопшто не ја криеја еуфоријата од можноста да нема избори и да не се соочат со народната волја, бидејќи според сите релевантни анкети, опозицијата е соочена со нов катастрофален пораз.

maktel

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.