Просечната цена на струјата за домаќинствата 5,11 денари

Во втората половина од минатата година просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5,11 денари за киловатчас, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во споредба со првата половина од претходната година цената бележи пораст од 1,65 проценти.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3.40 до 8.30 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за индустријата се движи од 17.16 до 18.29 денари по nm3, по групи на потрошувачи