Сообраќајот во Македонија се одвива без забрани

Магла со видливост од 30 до 50 метри има на патниот правец Лисец – Попова Шапка, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.