ВИДЕО: Како ќе изгледа новата современа болница во Штип?

Општина Штип ќе добие нова најсовремена клиничка болница, со што се остварува уште една голема капитална инвестиција во македонското здравство.

Болницата ќе биде готова за две години, градежните зафати кои почнаа денеска ќе чинат 30 милиони евра, а заедно со опремата инвестицијата чини 56 милиони евра.

Станува збор за изградба на нова најсовремена Клиничка болница во Штип, според врвни светски стандарди со најмодерна и најквалитетна здравствена инфраструктура во Македонија.

Изградбата на новиот објект ќе овозможи современи услови за здравствена заштита за над 200.000 жители од Штип и целиот Источен регион, кои ќе имаат директен бенефит од изградбата на новиот објект.