Отворено писмо до Зоран Заев

Многу те лажат сопартијците кои се само етиди во твојот  живот

Драг пријателе Зоран  Заев,

Нашите заеднички злобници ме нарекуваат човекот на Заев. Не затоа што се интелигентни или остроумни, туку затоа што неможат да разберат зошто токму Виктор Грозданов избегнува да те навредува или пак недолично да те критикува јавно. Еве да им разјасниме. Лицето од Струмица Ј.М. кој се занимава со телевизиски бизнис повеќе од 25 години ми има оставено аманет. Критикувај, но не навредувај. Се надевам дека сега им е полесно. Ова писмо има сет на прашања, но и препораки до Вас лично.

Прво морам да ти признаам искрено дека многу храбро настапуваш во последниве година дена, од човечки аспект, но тотално политички неискусно. Затоа што незнаеш што имаш во дворот околу тебе. Но, тоа ти го оставам тебе сам да решиш кој пат ќе го фатиш.

Па, да почнеме. Велите Вие од СДСМ сте за реформи во медиумите. Дококу тоа го соопштуваа лицата, кои се медиумски потковани тогаш можеби ќе слушнев нешто паметно, ама Дамјан Манчевски и Радмила Шеќеринска? Извини ама ми вреѓаат интелегенција. Дегтутантно е.

Кога се збори за реформи во медиумите треба да го слушнеш гласот на тие што последни ќе го напуштат сопствениот медиумски брод. А, тоа се сопствениците. Другите се вработени. Но, тебе како Заев, добро и маестрално те изманипулираа дека се’ зависи од новинарите. Сите прашања се за Вас г-дине Зоран Заев.

Дали имате визија како да ја реформирате ЈП Македонска радиодифузија? Како ќе изведете дигитализација и регионализација на Радио Станиците, посебно на оние надвор од Скопје? Дали ќе ја подржите идејата да се додели национална лиценца на Радио Вати да емитува радио програма на албански јазик? Како ќе овозможите Фул ХД формат на сите терестријални телевизиски станици? Дали знаете што е 4К формат? Дали ќе создадете супер региони, кои по опфатност на население ќе му парира на регионот Скопје? Или и Вие сте излажани како и Груевски од одредени лица залутани во радиодифузијата, а функционери, дека тоа е невозможно? Дали вака имате претстава кои се регионите? Сте слушнале ли за регионот Струмица-Штип-Куманово? Дали некогаш Ви кажале за регионите Тетово-Гостивар-Дебар и Кичево- Охрид-Струга- Битола-Прилеп-Демир Хисар?  Дали знаете што значи во финансиска смисла неколкучасовно поврзување на регионалните  медиуми во единствен систем?

Која е улогата на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација? Да се слика или треба веднаш да започне со постапка за смена на Димитар Буковалов за да ги спаси медиумите од толкувач на директиви и рекомендации? Зошто Кирацовски не пие кафе со Канчевска и Томовска за спас на бизнисот на радио станиците? Ви објасниле ли Вашата евроинтегративка и нејзиниот другар, потпретседател на СДСМ, што е исполнување на музичка квота, што се авторски права и што значи закон за рекламирање? Дали кога влегувате во „Зегин“ не Ве потсетува атмосферата како да сте во Боти 96 (ресторан за погреби и помени при гробишта Бутел) бидејки нема музика? Или пак не Ве интересира овој бизнис, си велите не ми се потребни?

Дали знаете што е медиумска концентрација? Дали за Вас е прифатливо да на телевизиите им дадете можност за дополнителни програмски сервиси (детски, документарни, филмски, музички. итн.), а при тоа да живеаат само од претплатнички момент? Дали за Вас медиумска концентрација е кога некој создава ТВ станица или весник, или радио, и интернет медиум? Дали Ви значи кога ги врзуваат рекламите дека тоа е нарушување на пазарот?

Ве боли новинарството, нели? Дали ќе излезете јавно и ќе се извините како лидер на Вашата партија дека имате направено сериозен стопанско-телевизиски зулум, како партија во 2004 и 2008 година, кога си правевте нарачки за национални телевизии, кои денес пак Вие ги нарекувате најголеми непријатели? Ви значи нешто Нико Палигора, 50 отсто сопственик во една национална телевизија до 2006, демократски нели влезен таму? А, замислете цело време е во играта политичка Радмила Шеќеринска? Чудно нели? Дали знаете во кој период покојниот Роберто Беличанец ја кажа историската: „Збогум новинарство“? Одговор: Во времето на една од Вашите партиски нарачки.

Е сега нешто многу лично. Со кое право Вие и Вашите другари од СДСМ им се заканувате на моите поранешни колеги од ТВ Канал 5 како Иван Мирчевски, Олето Поцкова, Лидија Богатинова и целата редакција, на сите мои другари од Зевзекманија, на Андреј, Гиле, Влатче, Поштар итн. Кој Ви го даде тоа право? Им велите дека се криминалци. Сакате да знаете што е криминал? Рекламата на сурат ќитап (фејсбук на македонски со употребени турцизми) за Стево Пендаровски. Беа злоупотребени сите корисници од Република Македонија. Или пак јас грешам, бидејки можеби и Барак Обама ја виде рекламата. Или, пак, сега во моментов кога ја вклучувам Анета Мицевска од групата Молика на Јутјуб треба да видам како некој протестирал за смена за пет уставни судии фрлајки тоалетна хартија.

Е сега препораки

Сакате да ја контролирате Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги? Имате право. Посебно ако земам во предвид кој е директор на истата. На истиот заедно со евроинтегративката и Вашиот потпретседател нејзин другар, ако им дадам три овци, они ќе изгубат девет бачила. Истиот можевте да го смените многу лесно. Кај Вас беше топката лично. Само ќе требаше да му шепнете на Груевски една приказна дека сте добиле документи, кои биле извадени од архивата на едно претпријатие во 2008 година, се’ со цел да биде срушен Миле Јанакиески. Аааааама! Има проблем. Зошто злобниците велат дека и тогашниот врв на СДСМ е дел од „Бонбона бизнисот“. Ние што работиме во медиумите иаме големи уши. Слушаме се. И дали е вистина и дали не е.

Сакате да ја контролирате МРТВ. И за  тоа нема проблем. Бујрум. Ама да подадовте програмски и финансиски план. За да разликуваме што е телевизиска од финансиска година. А, даааааа! Ви ги извадиле сите документи од архивата на МРТВ. Сега можат оние што Ви копаат гроб политички, од кај Вас да запалат автомобил, да ги земат договорите и да му плукнат под прозор на Марјан Цветковски.

Велите ќе ја вратите слободата во медиумите, ама и кај граѓаните. Во изборниот законик заедно си поделивте по осум минути за политичко рекламирање во електронските медиуми со Вашиот непријател ВМРО-ДПМНЕ и им оставивте само две минути на останатите партии. Ако сакавте да се консултирате со експерти, Мирче Адамчевски на пример, ќе Ви одговореше дека сите партии треба да имаат рамноправен пристап. Толку од Вашата слобода што ја трубите постојано. Ама што разбира Адамчевски што е евро демократија. Тука е Шеќеринска, да ни објасни.

Затоа г-дине Заев да Ви објаснам што се случува во моментов на политичката сцена, а со цел да го спасите СДСМ. И тоа во атлетичарски стил. Ние од ГРОМ заедно со ВМРО-ДПМНЕ сме Усаин Болт. Толку сме пред Вас на патеката што ни станува досадно.

Е, ако сакате да бидете Асафа Пауел во најдобра форма мора да ги превземете следниве чекори:

Да го ангажирате поранешниот репрезентативен фудбалски голман Пачовски за да Ве научи како да направите дегажман во политичкиот задник на Шеќеринска и Манчевски и во исто време да го најавите за кандидат за премиер Стево Пендаровски. Ако сакате бар малку од малку да ни ги гледате петиците кога трчаме.

А, ако сакате да знаете што се етиди прашајте го Владимир Милчин најдобро ќе Ви објасни.

Лично за мене, ја не сум член на политичка партија јас сум од ГРОМ (Граѓанска Опција за Македонија) на Стевче Јакимовски.

П.С. 1 На светскиот саем за купување на програма постоеше слоган кој умешно го употреби некогашната А1 Телевизија. Ние не сме телевизија ние сме HBO (Home Box Office).

П.С.2 Додека го пишував ова писмо беа присутни мои добри пријатели од Карпош 1. Едниот е Д.М.-Велики Циган и Б.С.-Босанец. Едниот изгорен до срж за СДСМ, другиот од формирање член на ВМРО-ДПМНЕ. Со нивна дозвола ги цитирам:

„А, ти бе Викторе заедно сосе сите политичари да се гоните у 5 п..ке материне и да не остаите на раат.“

Ова го мислат обичните луѓе.