Продолжува бесплатниот туристички викенд за пензионерите

Продолжува бесплатниот туристички викенд за пензионерите
Продолжува бесплатниот туристички викенд за пензионерите

Од овој викенд продолжува реализацијата на проектот на Владата за бесплатен туристички викенд за пензионери. Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска во Дојран посочи дека до мај, околу 2.500 пензионери ќе ја искористат оваа услуга, во туристичките центри во Охрид, Преспа, Дојран, Берово и Крушево.

Спасов и градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, денеска беа во посета на пензионери во хотелот „Полин“ во Дојран.

– За реализација на овој проект ќе издвоиме околу 9 милиони денари, при што  очекуваме до мај околу  2.500 пензионери да ја искористат оваа бесплатна услуга, а од септември уште околу 500 и со тоа да ја заокружиме планираната бројка од  3.000 пензионери, истакна Спасов.

spasov1

Во првата група се 120 пензионери од целата земја, кои ќе одмараат во Охрид, а викенд-престојот вклучува два полни пансиони и автобуски превоз до хотелскиот објект.

Градоначалникот на општина Дојран Борче Стамов искажа задоволство што првата група пензионери за годинава својот бесплатен туристички викенд го почнува токму од неговата општина.

– Во Дорјан викендов има пензионери скоро од сите градови од Македонија. Првата група е од Источна Македонија, а во наредните викенди ќе доаѓаат од повеќе градови  од земјата, рече Стамов.

 

Тој порача дека проектот е од посебно значење за местата како Дорјан, во месеците кога не е висока сезона и нема поголем број на посети и туристи.